Во Кривичниот суд во Скопје денеска почна рочиштето во предметот на СЈО „Тендери“ што се однесува на изведување градежни работи на Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје.

Првообвинета во овој случај е поранешната министерка Елизабета Канческа-Милевска, која е присутна на денешното рочиште на кое треба да се сослушуваат аудио снимки кои се доказ во постапката.

Одбраната бара јавноста да биде исклучена заради заштита на приватноста и на обвинетите и сведокот, а обвинителството е против.

Судечкиот совет се повлече за да одлучи дали јавноста треба да присуствува на изведувањето на аудио снимките за тендери.

Второ и трето обвинетите во овој случај биле членови на Комисијата за јавни набавки.