Во Основниот кривичен суд во Скопје е закажано ново рочиште за автобуската несреќа што се случи на 13 февруари годинава кај селото Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени, за што обвинети се шест лица.

На минатото рочиште сведочеше жител на селото Ласкарци кој меѓу првите пристигнал на местото на превртениот автобус. Претходно, како сведок беше сослушана и Вјолца Ибраими една од повредените патнички во автобусот на „Дурмо турс“.

Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во формата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноил Трифуновски се товарат за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.