Новинарот Љупчо Златев пријавил во полиција дека ноќеска бил физички нападнат во кафуле во Скопје. Тој на Фејсбук напиша дека во ходникот на локалот непознато лице почнало да го удира по градите, да го плука и да го влече кон излезот. Златев вели дека се чувствува добро и дека не е сериозно повреден.

– На 24.7.2020 околу 00.40 часот во СВР Скопје, Љ.З.(28) од Кавадарци пријавил
дека околу 00.10 часот, во угостителски објект во Скопје, му биле упатувани закани
и бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на
случајот – соопшти МВР.