Новинарот од телевизија „Сонце“, кој на денот на протестите за случајот „Монструм“ се здобил со повреда на левата рака од камен (бекатон), беше сослушан на денешното рочиште во Кривичниот суд за нередите на демонстрациите.

Тој пред судот најави оштетно побарување, изјавувајќи дека се приклучува кон кривичниот прогон на обвинетите, иако посочи оти не знае од кого бил погоден.

Сведокот Блерим Ахмети, пак, изјави дека не може да ги препознае обвинетите, односно да каже дали учествувале во протестите.

Судијата Марин Станевски го води овој предмет, а обвинителката Марија Демирова-Панајотова е застапник на обвинението. Предвидено е судењето да продолжи на 19 април.

На претходните рочишта три лица беа осудени на по една години затвор за сторено кривично дело учество во насилна толпа, додека едно лице доби затворска казна од осум месеци казна затвор. На протестите на 26 февруари беа повредени 11 полициски службеници и еден новинар.