Охридскиот советник Нефи Усеини и неговиот брат Ибро Усеини се приведени и спроведени во осумдневен притвор, поради нападот на нивниот сограѓанин, Спире Топалоски, потврдија за Макфакс од МВР. Полицијата не можеше да ги пронајде изминативе шест дена, а неофицијално, сега сами се пријавиле во полициска станица. На нив, судот им ја изрече оваа мерка поради можноста за повторување на делото, влијание на сведоци и бегство.

Полицијата веќе изврши претрес во домовите на осомничените, но не ги пронајде нив бидејќи и двајцата се во бегство. Исто така, одземени се и снимките од објектот каде се случил инцидентот, а од нив е констатирано дека бил употребен пиштол во нападот врз Топаловски пред познат скопски хотел.