Несовесни ловџии предизвикале пожар во месноста Галишки ливади, меѓу кавадаречките села Галиште и Ќесендре.Ггорат суви паднати гранки, трева и лисја на површина од три хектари пасишта, информира Петко Ристовски, шеф по заштита на шуми во „Бор”, подружницата на ЈП „Македонски шуми”.

-Приземниот пожар има зафатено и еден хектар букова шума. Пламените јазици ги гаснат пет наши работници со едно теренско возило, четворица пожарникари од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци, а на помош ќе дојдат и вработени од блиското ловиште, изјави Ристовски.

Според него, многу скоро пожарот ќе биде локализиран и нема да се прошири и да направи поголеми штети.