Непознати сторители насилно влегле во три викендички деновиве во Тиквешко, потврди портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

– Се работи за две викендички кај росоманското село Сирково и една кај Тиквешко Езеро. Според првичните согледувања, во два од објектите била причинета помала материјална штета, а во една од викендиците било пријавено оштетување од околу петстотини евра, појасни Додевски.

Тој нагласи дека се утврдува висината на материјалната штета и интензивно се трага по оние кои насилно влегле во викендичките.