Судијата Ѓоко Ристов го одложи денешното рочиште за предметот „Тотал” на СЈО во кое обвинет е Драган Павловиќ-Латас поради тоа што во судот, поради одморите, имало само еден информатичар кој требаше да ги пушта бомбите за случајот, но тој бил зафатен со притворски предмет кај судијката Добрила Кацарска. На денешното рочиште требаше да бидат пуштени бомби, кои се доказ во предметот.

Следното рочиште е закажано за 29 септември, а судијата им посака пријатен одмор на присутните во судницата. Ристов е четврти судија кој го суди предметот.

Во „Тотал“ обвинет е Драган Павловиќ-Латас за затајување данок во висина од 121.414 евра преку правните лица „Тотал маркетинг” ДООЕЛ, „Тотал медиа центар“ и „Медиамакс” и 63.032 евра како физичко лице.