Фото: Илустрација

Неексплодирана граната била пронајдена во нива во охридското село Лескоец.

Според информациите на МВР, вчера во 17 часот во полиција било пријавено дека во нива во охридското село Лескоец била пронајдена граната.

Од извршениот увид било констатирано дека се работи за неексплодирана артилериска граната калибар 55 милиметри, која потекнува од периодот на Првата светска војна.

Гранатата била безбедно подигната од стручно лице од Центарот за управување со кризи.