Жител на село Романовце, Кумановско, пријавил во полиција дека во својот двор пронашол стара неексплодирана направа.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово и пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување – Куманово, при што било констатирано дека станува збор за стара рачна неексплодирана граната од Втората светска војна и таа е подигната за понатамошна постапка.