Седумдесет и седумгодишен жител на скопско село вчера пријавил дека околу 10.30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров бил измамен од две лица.

Според пријавеното, лицата му побарале и добиле пари на заем за да се услужат во врска со наводно случена сообраќајна несреќа, а како залог му оставиле рачен часовник.

Откако подолг временски период лицата не дошле да го вратат заемот, тој сфатил дака бил измамен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.