Обвинетите Катица Jанева, Бојан Јовановски и Зоран Милевски ќе седнат на обвинителна клупа на судење за случајот „Рекет“ на 3 декември.

– Заради интерес на медиумите кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека предметот со КОК бр. 116/19 против Б.Ј., К.Ј. и З.М. согласно АКМИС  – електронскиот систем е распределен кај судечки совет со кој претседава судија Васка Николовска – Масевска.

Главната расправа по предметот е насрочена за 3. декември во 10 часот за што се доставени и покани до странките, информираат од Кривичниот суд.

Случајот „Рекет“, Обвинителството за организиран криминал и корупција го отвори во јули годинава, против Бојан Јовановски-Боки 13 и Зоран Милевски-Кичеец, за потоа истрагата се прошири и против Катица Јанева.