На ридско-брзинската трка на Водно вчера биле повредени две лица, откако автомобил „Југо“ со скопски рагистарски таблици удрило во нив.

-Вчера околу 11.45 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на патеката за тркање на потегот од Панорама до Средно Водно, додека траела трката на автомобили, С.Т.(36) од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Југо“ со скопски регистерски таблици изгубил контрола и удрил најпрвин во ѕид, а потоа во две лица Ј.Н.(39) и А.М. (38), двајцата од Скопје- информираат од МВР.

Со возило на Итна медицинска помош лицата биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Од страна на лекар кај А.М. биле констатирани тешки телесни повреди, а кај Ј.Н. констатирани биле телесни повреди.

Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје извршен бил увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

За инцидентот преку соопштение се огласија и организаторите на тркатата на автомобили, Здружението АКК Скопје.

Според нив ридско-брзински натпревар „ВОДНО II“ 2018 безбедносно и организациски бил на максимално завидно ниво.

-Гледачот кој е повреден, самоиницијативно, без никој да го види (полиција, судија, редар, обезбедување) преку спореден пристап од приватен имот дошол до патеката сакајќи да го проследи и сними натпреварувачот кој е дел од споменатиот инцидент. Ја отстранил и искинал сигналната лента која го означува забранетиот простор за гледачи и застанал на забрането и несоодветно место за гледачи. Истиот, во првиот момент кога бил забележан од страна на организаторот бил опоменат и по негова согласност се повлекол од забранетиот простор. Се работи за гледач кој два пати е опоменат и отстранет од истата локација. И покрај ова, истиот повторно, без да биде забележан се вратил на истото место – информираат од Здружението АКК Скопје, организатор на трката на Водно.