Сѐ уште незапочнато, судењето за „Титаник“ е закочено, а повторно поради судијата поротник чиј мандат е истечен, но тоа не е констатирано од Судскиот совет. Адвокатот Дончо Наков веднаш откако се утврди кои се присутни во судницата, побара да се реши ова прашање.

Судијата Осман Шабани му предочи на адвокатот дека бил телефонски известен од страна на Судскиот совет дека на вчерашната седница судијката-поротник Лилјана Ивановска-Кочковска не била разрешена од функцијата, односно дека не е отпочната постапката, што значи дека нема пречки рочиштето да се одржи.

-Читајќи го писмово никаде не сфатив дека претседателот Џолев бара престанок, туку вика дека „Доколку Судскиот совет не одлучи да се разреши судијата поротник, го замолувам да отпочне постапка“, што значи не отпочнал. Ова не е предлог иницијатива за разрешување. Дали јас се согласувам или не тоа е друго – рече судијата Шабани.

Адвокатот Наков вели дека предметот „Титаник“ не бил споменат во писмото кое Џолев го испрати до Судскиот совет.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, во „Титаник“ се обвинети и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања. Случајот го отвори СЈО, за потоа да го преземе државното Јавно обвинителатво, а случајот повторно беше распределен кај јавната обвинителка Лиле Стефанова.

Сведок во „Титаник“ изјави дека повеќе пати донирал кеш пари кај благајничката во ВМРО-ДПМНЕ

Сведокот Ацо Стојанов кој е предложен од СЈО во случајот „Титаник” кажа дека повеќе пати донирал пари во ВМРО-ДПМНЕ во кеш кај благајничката на партијата. Стојанов бил вработен како советник во Министерство за финансии, а сега е пензионер. Сведокот рече дека пополнувал уплатници во износи од 40 и 60 илјади денари, но не ги уплатувал, туку ги оставал во благајната.

-Имам донирано повеќе пати и тоа во износи од 4,5,8 илјади денари. На точните износи не можам да се сетам. Донирав на рака, како и други физичко-правни лица. Некогаш од благајникот добив документ каса прими, а некогаш не, не се сеќавам. Не можам да се сетам на годишно ниво колку имам донирано, бидејќи беа повеќе години. Можно е да сум пополнил уплатница еднаш, два пати, три пати, не се сеќавам точно – рече Стојанов.

Ова е притисок од Обвинителството врз сведокот да го одговори прашањето, реагираше обвинетиот Илија Димовски кога обвинителката Лиле Стефанова го праша сведокот „Дали сите полиња сами ги пополнувавте”, но судот го дозволи прашањето.

-Не можам да се сетам, но сум пополнувал износи од 40 или 60 илјади денари. Овие уплатници не ги носев во банка да ги уплатам, туку ги оставав кај благајникот – рече сведокот Стојанов.