При пасошка контрола вчера Граничниот премин „Аеродром Скопје“ вчера е уапсено лице по кого била распишана меѓународна потерница, информира МВР. 

-На Граничниот премин „Аеродром Скопје“, вчера при пасошка контрола било констатирано дека С. П. (42) од Русија, со место на живеење во Северен Кипар, се наоѓа на листата со мерка „А“(апси) и за него има распишано меѓународна потерница од Интерпол Русија- наведува МВР во дневниот билтен.

Тој е лишен од слобода и предаден на инспектор од СМПС за понатамошна постапка.