фото: Зоран Антоски

Во периодот од 23 март до 26 овој месец кога на сила беше полицискиот час, со цел спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирусот, на подрачјето на СВР-Охрид каде што припаѓа и ОВР-Кичево, вкупно 326 лица не ја почитувале забраната за движење од кои 15 лица биле помлади од 18 години, 307 лица се на возраст од 18 до 67 години и 4 лица над 67 години.

Во истиот период, а во врска со член 206 од Кривичниот законик „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, поднесени се вкупни 193 пријави против 222 лица. Истовремено извршени се 3398 контроли врз лицата во изолација и 1217 контроли врз лицата во самоизолација. Полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 4636 контроли врз угостителски и други објекти, информираа од СВР Охрид.

З.А.