Девестнаесетгодишник од Македонска Каменица во полицијата пријавил поткуп.

„Тој денеска бил повикан во штаб на политичка партија во Македонска Каменица, каде од страна на В.В. од Македонска Каменица му биле дадени 1.000 денари за да гласа за кандидатот за градоначалник од таа политичка партија“, информираат од МВР.

Известен е Јавен обвинител, а В.В. е повикан во полициската станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.