Основниот кривичен суд во Скопје соопшти дека на обвинетиот Владимир Панчевски ќе му се суди во велешкиот суд поради непристрасност.

– Судот достави решение со кое советот на второстепениот суд, постапувајќи по предлог на судија – поединец од кривичниот суд за пренесување на месна надлежност и определување друг суд кој ќе постапува по предметот К.бр. 1292/19 оформен по поднесен обвинителен предлог на ОЈО – Скопје против В.П. за кривичното дело Злоупотреба на службена положба и овластување, согласно член 27 ст.3 в.в. ст.4 од ЗКП го уважи предлогот – соопшти скопска единица.

Апелација утврдила дека обвинетиот е судија во конкретниот суд и со цел да се исклучи секакво сомневање во непристрасноста на првостепениот суд што би можела да влијае врз перцепцијата за објективноста на судот, како и во согласност со член 6 од Европската конвенција за човекови права, постојат причини за пренесување на стваранта надлежност.

Со решението на Апелацискиот суд во Скопје, Основниот суд во Велес се определува за стварно и месно надлежен суд да постапува по конкретниот предмет.

Поранешниот претседател на кривичниот суд е обвинет за рачно местење предмети наместо да бидат електронски распределени.