Во филмовите како „Кога јагнињата ќе стивнат“ измислените сериски убијци, кои имаат голем број жртви, станаа предмет на популарна фасцинација. За жал, ваквите сериски убијци не постојат само во имагинацијата на филмските сценаристи и продуценти. Тие постојат во реалноста и ваквите случки се случуваат и во реалниот живот. Ќе наброиме неколку од најпознатите и најопасни сериски убијци во светот.

Елизабета Батори (Унгарија)
Батори е опишана како најзлобниот женски сериски убиец во целата историја. Каде завршуваат фактите, а каде започнува фикцијата во нејзината ужасна приказна не е невозможно да се утврди, но во нејзината слава како легендарна вампирка таа е на исто ниво како грофот Дракула. Батори својот терор го вршела во 16 век преку тортура и убиства на повеќе од 600 жртви во нејзиниот семеен имот во Трансилванија. Уживала во мачење и убивање млади девојчиња. Отпрвин тоа биле слуги во нејзиниот замок, ќерки на локалните селани, но подоцна вклучила и девојчиња испратени до неа од страна на локалните семејства за да бидат научени на добри манири. Позната како крвавата грофица, таа била гледана како вистински вампир затоа што се капела во крвта на нејзините жртви, верувајќи дека на тој начин ќе се одржи помлада.

Тед Банди (САД)
Банди имал тешко детство, немал добра врска со очувот, а неговата срамежливост го правела честа цел на малтретирање од страна на другите деца. Меѓутоа, подоцна, неговата интелигенција и социјални вештини му овозможиле да се запише на колеџ и навидум да има нормални емотивни врски со жените. И покрај оваа очигледна стабилност, тој сексуално напаѓал и убивал млади жени во Вашингтон, Орегон, Колорадо, Јута и Флорида помеѓу 1974 и 1978 година. Иако на крајот тој признал 28 убиства, некои процени велат дека тој е одговорен за стотици смртни случаи. Бил осуден на смрт во 1979 година за убиство на двајца студенти на колеџ. Тед Банди е американски сериски убиец и силувач, еден од најозлогласените криминалци од крајот на 20 век. Бунди бил егзекутиран на електричното столче на Флорида во 1989 година.

Андреј Чикатило (Русија)
Чикатило имал тешко детство и неговото единствено сексуално искуство како адолесцент завршило брзо и со голем потсмев, што подоцна во животот кај него довело до создавање сексуално насилни дејства. Ова понижување ја има зацементирано и зацврстено врската помеѓу сексот и насилство кај Чикатило. Андреј Чикатило бил поранешен наставник во училиште и убил повеќе од 50 млади луѓе во Советскиот Сојуз. Тој најчесто убивал жени и деца. Чикатило се здружувал со неговите жртви на автобуски станици, пред да ги привлече во околните шумски области каде што ги напаѓал, се обидувал да ги силува и да ги осакатувал со нож. Неговите убиства започнале во 1978 година, а завршиле 12 години подоцна. Чикатило бил егзекутиран во 1992 година.

Џефри Дамер (САД)
Џефри Дамер е американски сериски убиец и сексуален престапник, кој извршил силување и убиство на 17 мажи и момчиња од 1978 до 1991 година. Дамер демнел машки лица, претежно Афроамериканци по геј-барови, трговски центри и автобуски станици. Ги викал во неговиот дом со ветувања за пари или секс. Им давал алкохол и дрога пред да ги задуши. Дамер вршел сексуални акти со жртвите по нивната смрт, а наедно бил и канибалист. Тој ги чувал черепите и гениталиите на жртвите како сувенири. Исто така се сликал со своите жртви во различни фази во процесот на убиството, за да може да се сети на секој чин за потоа да може да го преживее повторно искуството. Во 1992 година, тој бил осуден на издржување 957 години затвор, но бил убиен две години подоцна од друг затвореник.

Луис Алфредо Гаварито (Колумбија)
Луис Алфредо Гарварито Кубилос, познат како ѕверот, е колумбиски силувач и сериски убиец. Во 1999 година тој признал дека силувал, тортурирал и убил околу 140 деца и тинејџери. Жртвите на Гаравито биле сиромашни деца, деца на селани или улични деца на возраст меѓу 6 и 16 години. Гаварито им пристапувал на улица и им нудел подароци или мало количество пари. Откако ќе ја стекнел нивната доверба, тој ги носел на прошетка, а откако ќе се умореле тој ги искористувал. Во однос на бројот на потврдени жртви, Гаварито е на врвот на списокот за најголеми сериски убиства. Гаварито во 1999 година бил осуден на вкупно 1.853 години и девет дена во затвор.

Анатолиј Онорипенко (Украина)
Онорипенко е познат и како терминаторот. Откако полицијата го уапсила 37-годишниот поранешен студент по шумарство на 16 април 1996 година, Онорипенко признал дека убил 52 лица. Тој убивал според претходно поставена шема. Избирал изолирана куќа, им го привлекувал вниманието на жителите преку создавање врева. Ги убивал сите членови почнувајќи од мажот, потоа неговата жена и на крајот нивните деца. Потоа тој обично го палел објектот во кој живееле, во обид да го покрие своето злосторство. Тој исто така ги убивал секој сведок или несреќен минувач што го пречекорувал неговиот пат за време на неговите убиствени дивеења. Онорипенко издал соопштение од својата ќелија велејќи дека сакал да го постигне светскиот рекорд за најголем број убиства. Бил осуден на смрт во 1999 година.