Началникот на СВР Струмица, В.Т., пред два дена во својата канцеларија  додека го чистел службениот пиштол, од невнимание испукал еден куршум.

Од МВР информираат дека куршумот завршил во долниот дел помеѓу паркетот и лајсната. За време на настанот, началникот бил сам во канцеларијата.

Повредени лица нема, а за настанот е известен Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди поради расчистување на случајот.