Три лица биле натепани во нивниот дом во населбата Илинден поради долг. Нападот доцна синоќа го извршиле С.В.(21), П.Ѓ.(19), С.М.(26) и Н.П.(26).

Тие со употреба на сила влегле во домот на З.П.(52) во населбата Илинден, почнале да ја оштетуваат покуќнината и физички ги нападнале З.П., К.П. и Л.П.. Според пријавеното, З.П. во самоодбрана со остар предмет го повредил Н.П., кој бил пренесен во Комплексот клиники Мајка Тереза за укажување лекарска помош, a З.П., К.П. и Л.П. биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопшти МВР.

Како што стои во пријавата, причина за нападот е наводен долг на К.П. кон напаѓачите.

Пријавените лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.