Гостиварската полиција во попладневните часови на 29 јануари добила пријава од родител од гостиварско село, кој рекол дека неговата малолетна ќерка била заведена од 54-годишен наставеник.

Според пријавата, наставникот го повикал малолетното девојче во празна училница во училиштето во кое учи, по што ја прегрнал и ја бакнувал.

Наставникот бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка и за целосно расчистување на настанот.