Вработен во Центарот за социјални работи во Гостивар вчера додека бил на работа бил нападнат од 19-годишно момче од с.Леуново.

Од МВР информираат дека настанот се случил околу 10.45 часот кога на лицето Р.Т. (62) движејќи се низ ходникот му се доближил Д.Ѓ. (19) од с. Леуново и почнал да му вика, да му се заканува, по што и физички го нападнал, удирајќи го со тупаници по грбот и телото.

Набргу се вмешале други вработени во Центарот за социјални работи и го спречиле Д.Ѓ. да продолжи со нападот.

Тој бил лишен од слобода, а по целосното расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.