Во ресторанот на безиската пумпа на магистралниот пат Кичево –Гостивар, на 03.03.2019 година околу два часот ноќта, дошло до нарушување на јавниот ред и мир по физичката пресметка на три лица А.С. (29), И.С.( 25) и А.Д. (20), сите од Кичево.

При оваа пресметка тројцата се здобиле со телесни повреди, што било потврдено при нивниот преглед во Општата болница во Кичево. По целосното документирање на настанот, против овие лица ќе биде поднесена соодветна пријава-информираа од СВР Охрид.

З.А.