Неподвижното 11-годишно дете што мајка му го оставила само во нивниот дом во Охрид, без надзор и храна, е сместено во мал групен дом, инфорира Министерството за труд и социјална политика информира.

– Стручните служби и Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Охрид постапуваат во врска со случајот на 11-годишното дете со церебрална парализа. За детето е обезбедена соодветна грижа и сместување во мал групен дом – велат од МТСП.

Како што претходно објавивме, вчера, во полиција телефонски било дојавено дека С. В. (39) од Охрид, во својот дом на улицата Питу Гули, без никаква грижа, храна и надзор, го оставила својот 11-годишен син, кој бил неподвижен.

Од полицијата информираа дека против мајката ќе биде поднесена соодветна пријава.