Група навивачи нападнале судија на фудбалски натпревар во село Волино, општина Дебарца. Според информациите од МВР, приведени се неколку лица, а за случајот е известен и јавен обвинител.

Според информации од полицијата, група навивачи кои биле незадоволни од одлука која ја донел судијата, го нападнале, пришто интервенирала полицијата и неколку лица биле приведени.

Од МВР велат дека се работи на расчистување на случајот.