М.Т.(25) од Скопје синоќа физички нападнал полициски службеник при преземање службени дејствија во подземните гаражи на улица „Анкарска“, во Скопје.

Како што соопшти МВР, инцидентот се случил во 23.35 часот. М.Т. бил приведен и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.