Четириесет и осумгодишен маж е приведен поради напад пред угостителски објект во Драчево.

– На 21.02.2021 во 14.30 часот на подрачјето на Драчево, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Г.Ј.(48), постапувајќи по претходна пријава дека во 13.30 часот, пред угостителски објект на подрачјето на Драчево со остар предмет го нападнал Б.И.(36) – информираат од МВР.

Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.