Лекар од Итната медицинска помош од Кавадарци бил нападнат додека заедно со негови колеги вршеле интервенција.

Според информациите на МВР, вчера лекар од Итна медицинска помош од Кавадарци пријавил дека околу 11 часот, додека бил на работа заедно со неговиот медицински тим и вршеле интервенција на ул.„Браќа Џунови“, бил физички нападнат од Џ.Д.(31).

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.