Дваесет и двегодишен скопјанец денеска го нарушил јавниот ред и мир на гласачкото место во Основното училиште „Лазо Ангеловски“ во општина Аеродром. Тој навредувал граѓани и физички нападнал полициски службеници.

Како што соопшти МВР, лицето е приведено во Полициската станица Аеродром и е утврдено дека се работи за К.Ж. (22) од Скопје.

Полицијата презема мерки за расчистување на настанот.

По инцидентот, пред училиштето има засилено присуство на полиција, а гласањето се одвива.