Двајца полициски службеници вчера биле нападнати во Пробиштип и Скопје.

Настанот во Скопје се случил во Полициската станица Карпош, а приведен е 62-годишен скопјанец.

– Тој при влез во станицата физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејства бидејќи не му било дозволено да влезе без заштитна маска на лицето – велат од МВР.

Во вториот случај приведен е 45-годишен маж од Пробиштип, кој нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејства.

По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.