Двајца таксисти вчера во полицијата пријавиле дека биле нападнати во главниот град.

Во првиот случај, такси-возач пријавил дека бил физички нападнат на бензинска пумпа на подрачјето на скопската населба Бутел.

Од МВР информираат дека зад нападот стои патник кој се превезувал во такси-возилото.

Во вториот случај, таксист пријавил дека на подрачјето на Кисела Вода две лица со тврд предмет физички го нападнале, а потоа го оштетиле неговото такси-возило и му одзеле пари.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите, велат од МВР.