Повеќе од еден тон нафта се украдени од товарни возила и градежни машини во Кавадарци и Росоман, соопшти МВР.

Според истиот извор, во Полициската станица во Кавадарци вчера се пријавени кражби на гориво од седум товарни моторни возила и неколку градежни машини паркирани на улиците „Северен булевар“, „Западен булевар“ и „Видое Смилевски – Бато“ во Кавадарци и во Росоман.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите.