Шестгодишно дете беше тешко повредено синоќа во Марино, кога во него удрил мотоцикл управуван од 16 годишно лице од с.Кадино.

Со тешки телесни повреди се здобило шестгодишното дете кое било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош.

Притоа, со телесни повреди се здобил возачот и сопатникот на мотоциклот на возраст од 16 години.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.