Педесетиедногодишен прилепчанец е тeшко повреден во сообраќајна несреќа, што вчера се случила во Прилеп на улицата “Иво Лова Рибар“, информира МВР.

Сообраќајната незгода се случила помеѓу автомобил „БМВ“ управуван од Љ.Н.(23) од село Десово-Долнени и мотоцикл „Кавасаки-500“, управуван од С.З.(51) од Прилеп.

Возачот на моторциклот бил пренесен во Градската Болница-Прилеп каде од страна на лекар констатирани му биле тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.