Вчера во 08.50 часот било пријавено дека во Прилеп на ул.Тризла се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фиат стило“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Х.М.(35) од Прилеп и моторцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, управуван од Џ.Ј.(32) од Прилеп.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот, по што бил пренесен во Градската болница Прилеп за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп, соопшти МВР.