Еден човек е тешко повреден во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово-с.Липково, кај с.Лопате. Сообраќајката се случила вчера попладне, помеѓу автомобил „пежо 206“ управувано од М.Е.(22) од с.Слупчане, кумановско и мотоцикл, управуван од Ќ.А.(45) од с.Лопате.

Во незгодата Ќ.А. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница Куманово. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.