Дваесет и двегодишно момче е тешко повредено откако три лица го пресретнале на улицата „Брсјачка Буна“ во Скопје, а едно од нив со метална шипка го удирало по задната страна на главата.

Причина за нападот, како што соошти МВР, биле нарушени меѓусоседски односи. Настанот се случил вчера околу пладне додека Ф.А. (22) од Скопје се движел пеш, бил пресретнат од Ј.Б.(20), Е.Ј.(23) и А.А.. Притоа, при Ј.Б. физички го нападнал Ф.А., удирајќи го со метална шипка во пределот на задната страна на главата.

Ф.А. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градска општа болница „8 Септември“ каде му се констатирани тешки телесни повреди и е префрлен во Комплекс клиники „Мајка Тереза”. Б.Ј. е приведен во Полициска станица и се работи на расчистување на случајот.