Скопјанецот М.Р. (26) ноќеска околу 4:30 часот физички бил нападнат на улицата „ Благоја Стефковски“ во Скопје. 

Како што соопшти МВР, додека М.Р.  управувал со неговото возило, патот му го пресекло друго возило од кое излегле две лица и физички го нападнале. Едниот од нив со метален предмет го удрил неколку пати во пределот на главата, а другото лице го удирало со тупаници. Потоа лицата  влегле во возилото и го напуштиле местото на настанот.

М.Р. го пријавил случајот во полиција и се на работи на негово расчистување.