Македонското Министерство за надворешни работи попладнево информираше дека добило телефонска потврда од полицијата во Јагодина, Србија, дека во денешната сообраќајна несреќа на автопатот Белград-Ниш, меѓу загинатите има и двајца македонски државјани. 

Во верижниот судар на потегот меѓу Ќуприја и Јагодина загинаа седум лица, од кои петмина српски државјани и двајца македонски државјани. 

Во сообраќајната несреќа, според информациите на српското Министерство за внатрешни работи, повредени се 27 лица кои се пренесени во болниците во Јагодина и Ќуприја. 

Во сообраќајката учествувале 34 возила. Причина за несреќата е густата магла.