Кичевчанец е приведен, откако вербално и физички нападнал полицаец, кој се обидел да го легитимира.

Во полициската станица Кичево вчера околу 19 часот било пријавено дека на булеварот „Ослободување“ 18-годишниот Б.Д. вербално и физички нападнал полициски службеник, којсе обиделе да го легитимира него и 19-годишниот П.Д.

-Тој бил приведен и при преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информира портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димоски.