Дваесет и двегодишно момче од Кавадарци вчера починало, откако паднал во неговиот дом.

Според информациите на МВР, вчера во 14.00 часот мајката на момчето пријавила во СВР Велес дека во семејната куќа на улица Страшо Пинџур во Кавадарци, нејзиниот син Н.Ѓ.(22) од Кавадраци паднал, по што била повикана Итна медицинска помош од Општата болница Кавадарци.

При пристигнување на брза помош од страна на лекар била констатирана смрт, без траги на насилство.

Увид на местото на настанот извршиле увидна екипа од Полициската станица Кавадарци и Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено на обдукција.