Сашо Мијалков

Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков понудил гаранција од милион евра за да излезе од затворот „Скопје“ во Шутка, потврди неговиот адвокат Љупчо Шврговски.

За понудената гаранција треба да одлучи судија за претходна постапка.

На 20 ноември на Мијалков му беше определен притвор за предметот за прислушувањето „Таргет-Тврдина“.

Специјалното јавно обвинителство по десетина дена побара да се укине тој притвор и побара нов за истрагата за „Империја“.