Сашо Мијалков и Бедредин Ибраими кои денеска од судот добија затворски казни попладнево се спроведени во притвор во Затворот Скопје. Информацијата ја потврди директорот на затворот Ѓоко Котевски.

Притворот беше побаран од обвинителката на СЈО Фатиме Фетаи откако судот ја соопшти пресудата за предметот „Титаник 2“, а поради постоење опасност од бегство.

Ибраими доби затворска казна од четири години и шест месеци, а Мијалков три години затвор.

Мерка за претпазливост е изречена за Мендух Тачи, кој е осуден на три години и два месеци затвор, како и за Сашо Срцев,  Анета Стефановска и Влатко Сајковски, кои беа осудени на три години затвор, е изречена мерка за претпазливост.