Таткото на Боки 13, Миле Јовановски, по распитот рече дека не чувствува вина за случајот со Меѓународниот сојуз, каде е осомничен за перење пари и измама. Тој ги поздрави новинарите велејќи им: „Среќна Нова ’49”.

Неговиот распит кај обвинителката Вилма Русковска траеше еден час. Јовановски вели дека не знае дали е завршена истрагата. Таткото на Бојан Јовановски не одговори на повеќе прашања, велејќи дека ќе даде изјава на прес-конференција која најверојатно ќе ја закаже за наредната недела.

По Миле Јовановски, треба да биде сослушан и неговиот син Бојан Јовановски, кој со полиција треба да биде спроведен од затворот Скопје во Шутка. На распит треба да се појави и асистенката Христина Блажевска.

Тие се обвинети за перење пари, за што го користеле Меѓународниот сојуз.

Во случајот осомничени се и пратеничката и потпретседателка на Собранието од СДСМ, Фросина Ременски, потпретседателката на Меѓународниот сојуз, Јасна Мандиќ и асистентката во сојузот, Христина Блажевска.