Во вториот фајл од разговорите кои осудениот Зоран Милески ги доставил до Обвинителството поврзани со случајот „Рекет“ се слушаат муабети меѓу него и обвинетиот Бојан Јовановски.

Милевски во улога на посредник, му пренесува на Јовановски што разговарал со Ана и Орце Камчеви, посочувајќи дека тој нема никаков интерес од тоа. Тие разговараат и за излегувањето на Орце Камчев од притвор. За овие материјали, обвинетата Катица Јанева рече дека ќе покажат кој манипулирал, кој е изманипулиран и кој нудел поткуп.

Разговорот почнува кога Милески се среќава со Јовановски, кој му вика “Што ти е бе, што си како урочен?”, а осудениот се жали на здравствената состојба. По ова, почнува дискусијата поврзана со Камчеви, каде Милески му вели на Јованоски: „Има нешто што треба да кажам кај Ана или нема?“.

Јовановски му објаснува на Милески за како што вели „кризен ПР“, по што му додава: „Од медиумите почнува сè, и добри и лоши работи“, потенцирајќи дека постои и друг план.

– Можеш да зборуваш и директно со Ана. Тоа е работата. Јас ти кажувам што ми пренесе мене Ана – му вели Милески на Јовановски.

Во потнатамошниот тек од разговорот, Милески му вели на Јовановски дека ќе му цитира што му е кажано, a во еден дел стои: „За возврст барам да излезам надвор. Дали може или не може Боки?”. По ова Милески му вели на Јовановски дека ќе и пренесе на Ана за идејата со „кризен ПР“.

„Ќе напраам се, а тој нека покаже дали ќе ме испочитува или не. Јас не барам ништо“, му вели Јованвоски на Милески, кој потоа му дава одоговор “Тоа ќе разговарате со него, јас само пренесувам што ми е кажано”.

– Јас да ти кажам нешто, ти многу добро знаеш дека јас немам никаков интерес. Јас немам интерес да кажам ‘да’ ниту за старечки домови ниту за трговските центри. Тоа зависи од многу работи. Ти викаш ‘му ги штитиш парите’, ако гледаш така и тебе ти ги штитам парите – му вели Милески на Јовановски.

Во понатамошниот тек на симката, Милески му кажува на Јовановски што му кажал Камчев околу идеите кои му биле предлагани.

„Ме викна и ми вика ‘вака и вака Боки ми нудеше да правиме хангар’. Јас му реков каков хангар, тој вика хангар во кој ќе имало телевизија, ресторани, едно, друго. Ми вика „јас не знам што хангар да правам“. Јас му реков дека хангари не би праел и дека не ми е својствено тој да прави хангари. Јас му реков дека подобро да си плаќа лиценци за ресторани, ќе го донесеме ‘Сушико’ и други…”, вели Милески цитирајќи што разговарал со Камчев, па додава „Ни едниот ни другиот не ми кажавте дека има било каков проблем. Вие двајца сте се договарале, тебе ти рекол Орце да не кажуваш и ти нормално не кажуваш“.

„Јас знам дека на крај тоа ќе го сфати како бизнис понуда”, вели Јовановски, а Милески додава „Тој и рекол на Ана дека бркал бизнис”.

Јовановски му кажува на Милески дека ситуацијата е многу покомплицирана од што е претставена, по што му укажува со „истрагата ќе биде проширена, тоа сум сигурен“.

– Во меѓувреме поради целава состојба, јас ти кажувам дека јас ќе превземам мерки и активности, ќе видиме што сум направил и што можеме да очекуваме. Ситуацијата е многу покомплицирана од тоа што е претстсвена на тие три разговори, посериозна од тоа што некој ја доживува. Истрагата ќе биде проширена, тоа сум сигурен – му вели Јовановски на Милески.

Милески му кажува дека многу луѓе него го сметаат за џелат и дека сметаат оти ништо не го погодува него, па додава: „Мене најмногу ме погаѓаат такви работи”.

„Ако сака Ана да му пренесе на Орце, да правиме кризен штаб”, вели Милески, по што продолжува „На Орце ова му се најтешки моменти во животот. Мислам дека ќе си ги минимизира пријателите, ќе сфати кој го цица, кој се…”

– Јас ќе го направам про-боно ако тој мене ме испочитува подоцна – му вели Јовановски на Милески.

„Ако му помогнеме на Орце да излезе, ако му помогнеш да излезе, буквално ме имаш мене”, му вели Милески на Јованоски, а тој му возвраќа да не го условува, а Милески пак додава: “Боки бе, тоа не не е условување, ќе сфатиш”.

Останатите разговори ќе бидат изведени на наредното рочиште.