Еленко Миланов, адвокатот на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој е еден од обвинетите во случајот на СЈО „Титаник“, на кого утрово му е одреден притвор, пред денешното рочиште изјави дека сè уште не го подигнал решението за притвор.

– Решението сè уште не сум го подигнал. Очигледно премногу брзо, очигледно оваа власт која нема влијание на судството по најавата на еден министер во дебатна емисија кои луѓе треба да бидат приведени, веднаш под итно се приведени, изјави Миланов.

На Јанакиески и на поранешниот генерален секретар Кирил Божиновски судот утрово им одреди мерка притвор во траење од 30 дена, откако вчера поранешниот премиер Никола Груевски побегна во Унгарија, каде побара политички азил.