Нова мигрантска драма деновиве се случувала во кумановското село Ваксинце, каде две лица од Пакистан, во засложништво држеле 19 мигранти.

Полицијата случајот го расветлила денеска, а двајцата сторители се приведени.

Од МВР велат дека се работи на целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Пред еден месец во куќа во истото село беа пронајдени 51 мигрант, меѓу кои и 6 малолетни лица.

Вистински хорор во истото се село се случуваше минатата година кога беа затечени државјанин на Македонија и тројца Пакистанци кои мачеа мигранти во куќа, постапувајќи сурово со нив. Според обвинението, тие им давале еден оброк во денот. Мигрантите тогаш беа физички малтретирани, а поради пластичните црни кеси залепени на прозорците, го изгубиле чувството за време и не знаеле дали е ден или ноќ.

Жртвите лани во Ваксинце беа тепани со црево од страна на обвинетите кои со нож им се заканувале дека ќе ги убијат ако не платат или нема да им дозволат да продолжат по мигрантската рута.