Во малешевскиот регион биле откриени 10 мигранти од Бангладеш, известува МВР.

На 22.03.2021 во 19.37 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека во с.Мачево, беровско, биле забележани 10 мигранти од Бангладеш, кои од страна на полициски службеници, по извршеното документирање, биле предадени во Полициската станица за граничен надзор Ново Село за понатамошна постапка.