Синоќа во 21.30 часот во близина на фабрика на улицата 7 Ноември во Гевгелија полициски службеници го привеле К.С.(63) од Велес, кој управувал патничко возило „форд галакси“, со велешки регистарски ознаки.

При извршена контрола во возилото биле пронајдени седум мигранти од Куба. Лицата се приведени во полициска станица.

Во координација со Јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција против К.С. ќе биде поднесена кривична пријава, а лицата-мигранти ќе бидат сместени во Транзитниот центар Винојуг – Гевгелија за понатамошна постапка.